Нарушен јавниот ред
Тепачка на булеварот Туристичка
Млад охриѓанец нападнал сограѓанин на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Од СВР Охрид информираат дека против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.04.2022 година во 12:20 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Б.Н. (22) врз А.М. (23), двајцата од Охрид.
Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


