Свр охрид
Засилени сообраќајни контроли
Полициски службеници извршиле контрола на 12 автобуси за јавен превоз, при што не констатирале технички неисправности. Воедно, казнети се 5 пешаци во Охрид, 9 во Струга за преминување коловоз надвор од обележан пешачки премин.
На 13.04.2022 година, при преземени мерки во сообраќајот, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид извршиле контрола на 12 автобуси кои вршат јавен превоз на патници.

Притоа не констатирале технички и други неисправности. Воедно, затекнати и санкционирани се 14 пешаци кои, преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премин (Охрид-05, Струга-09). Полициските службеници во Кичево, затекнале 13 возачи кои во населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Ним, им се изречени прекршочни платни налози – се вели во соопштението на СВР Охрид.


