Градски гробишта
Извршено сквернавење на гроб во Струга
Од СВР Охрид информираат дека на Градските гробишта во Струга е извршено сквернавење на гроб. Сторителот сеуште не е пронајден.
На 13.04 2022 година во ОВР Струга пријавено е сквернавење на гроб на Градските гробишта во Струга.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


