СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (26) од Охрид, со престојувалиште во охридското село Косел.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. Х.Б на 18.02.2022 во 22.35 часот на булевар „Туристичка” во Охрид не застанал на знак за запирање од полициски службеници и со возило удрил еден полициски службеник кој извршувал службени дејствија – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.