Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од 18.04.2022 година (понеделник), се забранува паркирање и запирање на паркинг просторот на улица „Македонски Просветители“. Забраната е од пресекот со улица „Димитар Влахов“ до пресекот со улица „Даме Груев“, поради изведување на градежни работи.
Се упатува и молба до сите пешаци за зголемена претпазливост. Останатите делови од улицата и околните улици ќе функционираат согласно веќе воспоставениот режим на сообраќај.