Охридски комуналец
Акција за чистење на дивите депонии
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со цела своја расположлива механизација се на терен и се чистат сите мапирани диви депонии низ општината.
Од раните утрински часови се спроведува целодневна акција за расчистување на дивите депонии на територијата на општина Охрид.

Се чистат диви депонии мапирани од страна на ЈП „Охридски Комуналец“на неколку локации во градов.
Во акцијата ќе бидат вклучени 50 луѓе и механизација, багери, камиони, трактори.






