53 параглајдеристи од 7 земји денеска во Охрид
Светски рекордери на параглајдинг во Охрид. Денеска тие над Галичица си ги одмерија силите, во 6 рунди. Очекуваат поставување на нови рекорди во слетување, задоволни од она што им го нуди Националниот парк.
Светски рекордери на параглајдинг во Охрид. Денеска тие над Галичица си ги одмерија силите, во 6 рунди. Очекуваат поставување на нови рекорди во слетување, задоволни од она што им го нуди Националниот парк.
По прв пат годинава НП Галичица домаќин на Светскиот куп во прецизно слетување со параглајдинг. Организаторите Националниот Парк, во соработка со прилепскиот клуб „Делта“, за ова првенство подготвија два спортски полигони кои што одговараат на светските терени за првенство во параглајдинг, вели првиот човек на НП Галичица Зоран Ангелоски.
Претседателот на параглајдинг клубот „Делта“ од Прилеп, Кире Гиновски, рече: „оваа дисциплина заслужува да биде атракција над Охридското небо“. Тој задоволен е од условите на „Галичица“, но изненаден од слабото присуство на граѓаните љубители на параглајдингот. Гиновски смета дека на параглајдингот како спорт во Македонија не му се придава доволно важност.
Параглајдеристите уживаа во видикот над Галичица и неповторливиот момент на она што го нуди истиот. Натпреварувачите се стремеа кон целта т.н. „палачинка“, која претставува центар со радиус од 16 см, каде електронски се мери слетувањето.
Повеќето од параглајдеристите кои учествуваа на Светскиот куп во прецизно слетување, за прв пат се во Охрид. Тие се истомисленици дека „Галичица“ , е еден од ретките паркови на Балканот кој нуди поволни услови за параглајдинг. Кон тоа одговорните од Националниот Парк Галичица, додаваат дека во иднина ќе прават уште поголеми напори Паркот да нуди поидеални услови за развој на оваа дисциплина.
{loadposition content9}