Продолжува штрајкот во училиштата и градинките
Продолжува штрајкот во училиштата и градинките кој го организира СОНК. Јаким Неделков утринава за емисијата Здраво Македонијо изјави дека членовите на синдикатот не се согласувале со висината на предлогот на владата за зголемување на платите од 10 проценти.
Тој се надева дека до крајот на неделава ќе се изнајде решение за децата да се вратат на училиште.
Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика за Утрински брифинг вели дека правото за штрајк е регулирано со закон за работни односи и колективните договори за детска заштита и образование. Според законот работодавачот ги исплаќа придонесите, но нето платата на секој вработен треба да ја исплати СОНК.
Не дека не сака, државата нема основ како да ја исплати плата – вели Тренчевска.