Skip to main content

Санкции еу

Грција заплени руски танкер

Грција заплени руски танкер за превоз на сурова нафта, изјави претставник на грчкото Министерство за поморство. Пловилото „Пегаз“ под руско знаме со 19 руски членови на екипажот е запленетo во близина на островот Евија.
 |  инфодеск  | 
Руски танкер

Руски танкер е запленет од грчките власти во близина на островот Евија. Оваа вест ја објави грчката новинска агенција АНА-МПА, а јави дописничката на МИА од Атина.

Управата за спречување перење пари во рамките на спроведувањето на санкциите на ЕУ и НАТО издала одлука со која танкерот останува закотвен во близина на пристаниште во Каристос. Заплената се однесува на самиот брод, а не и на нафтата што ја пренесувал.

Грчките медиуми објавија дека танкерот уште од петокот е во близина на грчкиот остров откако се соочил со проблеми со моторот. Со помош на реморкер требало да биде извлечен до Пелопонез, меѓутоа поради лошото време останал закотвен на Евија.

Во танкерот имало 19-член екипаж, морнари од Русија.