Skip to main content

Пандемија

133 нови случаи на ковид 19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.833 тестови, а регистрирани се 133 нови случаи на ковид 19.
 |  инфодеск  | 
Модуларна болница

Во последните 24 часа регистрирани се 133 нови случаи на ковид-19 од направени 1.833 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (133), регистрирани се 20 реинфекции.

Вирус Ковид 19

Од новозаразените најголем дел се од Скопје – 78, потоа следуваат Битола – 16, Велес – 14, Тетово – 6, Прилеп и Охрид – по 3, Кавадарци, Струмица и Берово – по 2, Куманово, Гостивар, Кичево, Неготино, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1. Регистрирани сe 156 оздравени пациенти.

Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице од Струга (73г), починато во болнички услови, пријавено на 08.04.2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 308.752, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи изнесува 801.