Skip to main content

Црвен крст охрид

Велигденски базар на плоштадот Крушевска Република

Од 19-ти до 21-ви април на плоштадот „Крушевска Република“ ќе се одржи Велигденски базар во организација на Црвен крст Охрид.
 |  инфодеск  | 
Велигденски базар

Во рамки на своите хуманитарни активности, а во пресрет на Велигденските празници, Црвен крст Охрид организира Велигденски базар кој ќе се реализира од 19-ти до 21-ви април во период од 11 до 15 часот на плоштадот „Крушевска Република“ (Чинар).

На овој базар ќе се продаваат изработки од волонтерите од Програмата Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) и од волонтерите од Програмата за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид.

Средствата собрани од продажбата на овие изработки ќе бидат искористени во рамките на ЦКА-ПХВ за помош на семејство во социјален ризик.