Ти си твојот град
Дупки, прашина, кал на дел од ул. Јабланица
Дупки, прашина, кал на ул. „Јабланица“ позади хотелот „Фламинго“ во Охрид. Сликите ги испрати Вали Бајрактар во рубриката „Ти си твојот град“.
Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашиот сограѓанин Вали Бајрактар. Тој реагира на неасфалтирана улица, полна со дупки, прашина, кал. Ова е неговиот коментар:
Еве каква слика имаме на 500 метри од центарот на Охрид. Кога ќе заврне дожд не можеме да поминеме од калта. Ова место е одма позади хотел „Фламинго“ на ул. „Јабланица“. Преку лето е хаос се плашиме од змии, а преку зима фекалните води излегуваат од шахтите кога ќе врне. Срам ми е да дојде некој на гости од друг град или село – вели Бајрактар за „Ти си твојот град“.
Погледнете ги сликите во продолжение!