Skip to main content

Фелипе Маса одлично закрепнува по тешката несреќа во Хунгароринг

Веќе иднава недела возачот на Ферари во Формула 1 би требало да се врати во Бразил.

 |  Крсте Голабовски  | 
Felipe Massa
Фелипе Маса

Веќе иднава недела возачот на Ферари во Формула 1 би требало да се врати во Бразил. Претходно, првпат по будењето од кома, имаше дури и средба со новинарите.

Felipe MassaДа се потсетиме дека Маса доби прелом на черепот и повреда на левото око, за време на возењето за  квалификациите за Големата награда на Унгарија, кога во главата (во кацигата), го погоди еден федер што отпаднал од болидот на неговиот сонародник Рубенс Баричело.

“Знам дека сум среќен што сум жив, но повторно ќе се тркам“, решително порача Маса.

“Кога се разбудив од кома, воопшто не знаев зошто сум во болница. Почнав да ги откачувам сите оние цевки и жици, но брат ми Едуардо се обиде да ме спречи, така што веднаш се скаравме“, ги опиша Маса првите искуства по будењето од кома.

“Не се сеќавам на ништо“, призна Маса и додаде дека бил убеден дека тој ќе победи. “Тоа беше моја трка. Не можев да верувам кога ми кажаа дека победил Луис Хамилтон, а мојот тимски колега Кими Раиконен бил втор“.

Инаку, вчера (во саботата) Маса во болницата го посети седумкратниот светски шампион Мајкл Шумахер, кој ќе го замени во тимот на Ферари до неговото враќање. “Разговаравме три часа и сега ми е многу полесно. Изненаден сум од состојбата на Фелипе, со оглед што несреќата се случи само пред една недела“, изјави Шумахер.

{loadposition content9}