Skip to main content

Ретко е да си редок

(видео) CarsClub MK со поддршка на ретките

Во организација на CarsClub MK во соработка со здружението за ретки болести “Ретко е да си редок”, собирот се одржа на големиот паркинг кај „Славија“ во „Горица 3“. Сите собрани средства од општествено одговорни фирми и поединци беа донирани за помош на лицата со ретки болести.
 |  Маја Савиќ  | 
Cars Club MK поддршка за ретките

Членовите на клубот CarsClub MK викендов организираа хуманитарен собир за помош и поддршка на лицата со ретки болести. Повеќе од 130 возила од клубови од Охрид, Битола, Прилеп, Гостивар Струга, Вевчани и Скопје се дружеа и испратија силна порака за поддршка на лицата со ретки болести.

Од CarsClub MK упатија јавна благодарност до сите општествено одговорни фирми и поединци кои учествуваа на хуманитатниот собир и здружението за ретки болести “Ретко е да си редок” кои овозможија да го направат овај “Прв хуманитарен собир”. Собирот се одржа на големиот паркинг кај „Славија“ во „Горица 3“, а сите собрани средства беа донирани за помош на лицата со ретки болести. Во светот постојат околу 8.000 ретки болести, а само за 5% од ретките болести има некаков лек, потсетуваат од CarsClub Mк.