Skip to main content

Стопанство

Контрола на продажбата на месо и јајца

Агенцијата за храна и ветеринарство врши засилен надзор на продажните места за месо и јајца. Увозот и продажбата на храна подлежат под целосна конторла така што на пазарот не можат да постават небезбеден производ. Од АХВ стравуваат дека може да се случи храната да ја има, но да не достапна заради високите цени.
 |  Валентина Неловска  | 
shallow focus photography of brown eggs

Во пресрет на Велигденските празници Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) врши засилен надзор на продажните места за месо и јајца, изјави директорот Николче Бабовски. Од досегашните контроли на инспекторите немало отстапување од правилникот за храна, напомена Бабовски.

brown and white eggs on gray basket

Увозот на храна во државава е контролиран од страна на нашите инспекциски служби и економските оператори, кои се занимаваат со трговија со прехранбени производи. На пазарот не можат да постават небезбеден производ. Целосно се контролира увозот на храна преку мониторинг-програма за секојдневна контрола“- изјави Бабовски.

Растот на цените на прехранбените производи од животинско потекло, пак, како што посочи директорот Бабовски, е поради тројно повисоките цени за храната за животни на светските берзи.Во однос на влијанието на руско-украинската криза врз квалитетот и количините на храна, посочи дека увозот е под контрола.

raw meat on blue ceramic bowl

Храната ќе ја имаме, но може да се случи народот да биде гладен поради високите цени“- рече Бабовски.

Министерството за земјоделство има повик за нови концесии, за да не остане необработено земјоделското земјиште, а и храната да биде безбедна, рече Бабовски.