Кина
Тестирана хиперсонична ракета
Светските медиуми пренесуваат дека Кина тестирала хиперсонична ракета. Проектилот бил истрелан од најголемиот разурнувач на кинеската морнарица.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како кинеската војска тестира хиперсонична ракета.
Ракетата е лансирана од брод, а хонгконшкиот „South Tea Morning Post“ тврди дека се работи за хиперсонична ракета YJ-21.
Проектилот бил истрелан од најголемиот и најнапредниот разурнувач на кинеската морнарица, наведуваат тие медиуми.
Досега се објавени малку детали за кинеската хиперсонична ракета. Се претпоставува дека има домет меѓу 1.000 и 1.500 километри и дека е дизајниран за дејствување на борбени групи носачи на авиони, пренесува RT.
疑似解放军新型舰载反舰导弹鹰击21 pic.twitter.com/3Z8SCfjHM5
— lqy🇨🇳 (@lqy99021608) April 19, 2022


