Нема враќање на Шуми фо Ф1
Седумkратниот светски првак е стопиран од Френк Вилијамс.
Иако Здружението на тимови во Формула 1(ФОТА) се согласи на Михаел Шумахер да му овозможи тестирање на новиот болид на Ферари, се чини дека нема ништо од тоа.
Освен на тренинзите во пресрет на трките, според правилата, не е дозволено тестирање на болидите. Шумахер, кој во Ферари ќе го менува повредениот Фелипе Маса, се подготвуваше во ланскиот модел Ф2007.
Ферари упати молба до останатите тимови да направат исклучок и да му овозможат еднодневно тестирање на Германецот на новиот болид. Седум тимови се согласија, единствено Форс Индија не се изјасни, но вето стави Френк Вилијамс.
Ова вето значи дека Шумахер нема да може во новиот Ф60 болид пред трката, но лоша вест е дека нема да може ниту на симулаторот на Фијат во Торино.Имењно, во понеделникот започна двонеделната пауза во Формула 1, кога се запрени сите активности во фабриките на Ф1 тимовите.
Повредениот Маса денеска, по деветдневен престој во болница, е пуштен дома во Бразил.
{loadposition content9}