Skip to main content

Честитка од македонскиот претседател Иванов до Расмусен

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов упати честитка до Андерс Фог Расмусен по повод преземањето на функцијата генерален секретар на НАТО.

Gorge Ivanov
Ѓорге Иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов упати честитка до Андерс Фог Расмусен по повод преземањето на функцијата генерален секретар на НАТО.

Andres Fog Rasmusen– Г-дине генерален секретар Република Македонија и нејзините граѓани водејќи се од вредностите на слободата, демократијата и солидарноста, како столбови на кои почива Алијансата, од најраните денови на својата независност за врвен стратешки приоритет во реализацијата на националните интереси го одредија членството во НАТО. Како што веќе знаете во изминатиот период на тој план Република Македонија постигна исклучителен прогрес кој едногласно беше потврден и признат од сите сојузници. За жал таквиот прогрес на мојата земја во Букурешт не беше валоризиран со покана за членство. Сепак сакам да ве информирам почитуван господине Расмусен дека Република Македонија не е обесхрабрена, цврсто опстојува на заложбите за реализација на крајната цел и впрочем, Република Македонија фактички се однесува како член на Алијасната. Длабоко сум уверен дека наскоро ќе биде отстранета единствената пречка која стои на патот на членството и мојата земја ќе го заземе заслуженото место во Алијасната. Со уверување дека во вршењето на Вашата исклучително значајна функција, секогаш можете да сметате на мојата и од Република Македонија цврста и принципиелна поддршка, Ве молам г-дине генерален секретар да ги примите изразите на моето највисоко почитување, се вели во честитката од претседателот Иванов.

{loadposition content9}