Свр охрид
Охриѓанец бил агресивен кон членови на семејството
Приведен е охриѓанец кој во семејниот дом во Охрид нападнал членови на неговото семејство и им упатил закани по живот.
На 24.04.2022 година во 05:20 часот, во СВР Охрид приведен е П.Р. (35) од Охрид.
Тој, претходно во семејниот дом во Охрид, бил агресивен кон членовите на неговото семејство и им упатил закани по нивниот живот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


