Во чест на Светскиот ден на книгата и на авторското право во НУ Библиотека „Григор Прличев” од Охрид ќе бидат прогласени најредовните читателите за 2021 година. Во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како и најчитаните домашни и странски автори и книги.
На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период ќе им се оддолжи со благодарници кои ќе им бидат врачени во рамките на настанот. Во чест на празникот на книгата утре во Библиотеката ќе бидат прочитани пораките од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и од проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, која ја напиша македонската порака. Ве покануваме да бидете дел од овој настан – велат од Градската Библиотека.