Вооружен маж денеска отворил оган во градинка во руската област Улјановск, при што убил три лица, меѓу кои и две деца, јави агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на извор.
Маж со пиштол влегол во градинка во селото Вешкајма, застрелал две деца и учителка, а потоа се самоубил – тврди изворот.
Мотивите на напаѓачот не се познати, а според првичните податоци, мажот пукал од советска ловечка пушка со двоцевка ИЗ-27.
Властите во областа Уљановск го потврдија за Интерфакс фактот дека имало пукање во една од градинките во регионот, како и информации за неколку загинати.
Според зборовите на поранешниот гувернер на Улјановската област и пратеникот во Државната дума, Сергеј Морозов, во престрелката загинале наставник и две деца, а една жена е повредена.
Информацијата за инцидентот во населбата Вескаим за Интерфакс ја потврди и прес-службата на Министерството за образование во Уљановск.