Заштитна опрема за охридските пожарникари
Охридски пожарникари се подновија со лична заштитна опрема. На Територијалната противпожарна единица и е донирана приоритетна опрема за дел од пожарникарите кои секојдневно се справуваат со огнените стихии. За ефикасно дејствување при интервенциите на гасење пожар и за безбедноста на пожарникарите поделена е опрема која недостасува како потрошен материјал. Заштитната опрема е неопходна во секој период од годината, во зима кога пожарникарите се справуваат со пожарите предизвикани од грејни тела, во пролет и есен кога се палат стрништата, а во лето со шумските пожари. Добиени се специјални заштитни чизми, шлемови, заштитни оддела и ракавици кои се неопходни за пожарникарите, напоменува Борко Јанкулоски, командир на ТППЕ.
„Добивме преку УНДП донација, мал дел на потребна опрема која ќе се користи за гасење на пожари на отворен простор и при шумски пожари. Комплетирани се 8 пожарникари со опрема што е минимален дел, но секако е добредојдена опремата. Пожарникарите ќе се до комплетираат со опрема во блиска иднина со поддршка од Локалната самоуправа“– вели Јанкулоски, командирот на ТППЕ .
Вообичаено, набавката на заштитната опрема за охридските пожарникари е со средства од Локалната самоуправа, но плановите на ТППЕ е да придонесуваат со сопствени средства во инвестирање на заштините средства за работа. Територијалната противпожарна единица ќе обезбедува финансии од дополнителни услуги. Цените на услугите се регулирани со Правилник, а советниците ги одобрија утврдените цени кои изнесуваат 3500 денари обезбедување на спортски и културни манифестации од час и ист токлав инзос за дотур на вода.
„Целта е самофинансирање независно од Локалната самоуправа. Ќе се обезбедуваат средства од услугите носење на вода на фирми кои често користат наша услуга, а не го решиле проблемот со водоснабдувањето и од обезбедување на саеми, концерти, културни и спортски манифестации“ – наведува Јанкулоски.
Се очекува Локалната самоуправа да набави современа опрема за охридската единица која брои 38 пожарникари за два до три месеци.Набавката ќе се состои од лична заштитна опрема за пожарникарите со што ќе се зголеми нивната безбедноста при интервенциите, а ќе се следат и современите европски пожарникарски служби.