ЈП “Билјанини Извори” продолжува со планираните активности во насока на подобрување на условите на спортската инфраструктура од СРЦ “Билјанини Извори”.
Имено, деновиве се започна со реконструкција на долгогодишното запоставено северно фудбалско игралиште и на истото се планира во наредните три недели да се завршат градежно-санациони активности, како дел од првата фаза за комплетно уредување и адаптирање на игралиштето за потребите на многубројните фубалски школи и фудбалски клубови.
Во првата фаза ќе се изврши нивелација на игралиштето, аерификација, засадување на трева и дополнително заградување на фудбалскиот терен. Доколку дозволат финансиските услови во претпријатието ќе се пристапи и кон втората фаза која ќе значи и комплетна санација и реконструкција на игралиштето. Доколку не, претпријатието наредната пролет ќе го заокружи и овој проект кој е од особено значење за фудбалските школи и клубови – велат од ЈП „Билјанини извори“.
Согласно планот и програмата за работа на претпријатието за 2022 година, ЈП „Билјанини извори“ и во иднина ќе превземи активности во насока на подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува.