Skip to main content

Култура

Библиотеката ги прогласи своите најредовни читатели

Светот како симболичен датум во светската книжевност го одбележува 23-ти април како Светскиот ден на книгата и авторското право.
 |  Голабовски Крсте  | 
библиотека најредовни читатели

Светот како симболичен датум во светската книжевност го одбележува 23-ти април како Светскиот ден на книгата и авторското право.

Во чест на двајцата великани на светската книжевност Вилјам Шекспир и Мугуел де Сервантес кои со своите дела го задолжија човештвото. НУ Библиотека „Григор Прличев“ на посебен настан ги прогласи најредовните читатели за 2021 година. Во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како и најчитаните домашни и странски автори и книги. Охридскиот највозрасен читател има деведесет години, а најмладиот симболично зачленет, ниту една полна година.

„Денеска беа прогласени најдобрите читатели во категоријата возрасни и деца, но истовремено беа прогалсени и највозрасниот и најмладиот читател. Можам да се пофалам, највозрасниот читател во библиотеката е роден 1932 година, додека во самата наша евиденција е симболично запишан во нашата евиденција е новороденче од Охрид кое сеуште нема ни една година, го запишале неговите родители и тоа е наша огромна чест и задоволство, а сите тие ќе добијат благодарници и книги на подарок за да можат да продолжат да уживаат во светот на книгата и убавите нешта“ – кажа Милчо Јовановски – директор НУ Библиотека „Гридгор Прличев“.

Пандемијата несоменонено ги погоди сите области од општественото живеење, вклучително и библиотекарството, но во никој случај не ја намали потребата и желбата за пишаниот збор, особено во периодот на изолација објаснува Јовановски. Пред охридската библиотека, граѓаните во редици чекаа да позајмат книга за време на пандемијата.

„Тоа кога се отворивме пред една година, поточно пред две години тогаш видовме дека тука имаше редици како пред банките, поштата и други јавни институции, што значи дека гладта и жедта за читањето беше голема, што малку ни попречи во работењето во тоа време кога го воведувавме COBISS системот кој на чиатателите им овозможува да си проверат онлајн од дома која книга сакаат да ја читаат, да си ја побараат дали е слободна, дали ја има, одиме во текот со новото време“ – објасни Милчо Јовановски – директор НУ Библиотека „Гридгор Прличев“.

Од пред неколку дена охридската Библиотека прерасна во библиотека од отворен тип. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот, а читалната за дневен печат и периодика со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот.

„Тоа значи дека читателите ќе може да уживаат во текот на денот меѓу нашите полици со огромен број книги. Библиотеката поседува 150.000 наслови, кои не беше лесно да се распоредат во новиот дел, но на задоволство на читателите ние правиме се, зошто постоиме за нив“ – посочи Милчо Јовановски – директор НУ Библиотека „Гридгор Прличев“.

На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период им се оддолжи со благодарници кои им беа врачени во рамките на настанот. Во чест на празникот на книгата беа прочитани пораките од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и од проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, која ја напиша македонската порака.