Skip to main content

Помош на лица со попреченост

Црвен крст ќе обучува лица за лична асистенција

ОО на Црвен крст Охрид е избрана за спроведување на обуки за лица кои ќе се стекнат со сертификат за личен асистент на лица со попреченост.
 |  инфодеск  | 
Лица со попреченост

Општина Охрид денес го објави решението согласно Јавниот повик за финансиска поддршка на верифицирана организација или институција која работи на територијата на општина Охрид и која ќе спроведе и води процес за обука на лица кои ќе се стекнат со сертификат за завршена обука за лична асистенција, верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни. 

ОО на Црвен крст Охрид е избрана за спроведување на овие обуки. Црвен крст и Општина Охрид ќе склучат договор во кој детално ќе бидат наведени обврските на двете договорни страни за спроведување на оваа активност. Согласно повикот вкупната финансиска поддршка за оваа намена изнесува 240.000 денари.

Средствата ќе се исплатат откако избраната организација или институција ќе достави финален извештај за реализирана обука со прилог копија од сертификатите на минимум 10 обучени лица. 

Личната асистенција на лица со попреченост е услуга од социјална заштита, преку која се обезбедува поддршка на лицата со потешка и најтешка телесна попреченост и лицата со целосно оштетен вид, на возраст од 18 до 65 години, во нивното осамостојување, согласно нивните индивидуални потреби.