Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Нови повисоки цени на горивата

За 2,5 денари поскапуваат бензините, дизелот се зголемува за 1 денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Бензините од полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за еден денар за литар.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 86 денари, а еуродизелот за 85,5 денари за литар.

Точење на гориво

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денари за литар, и ќе изнесува 84 денари. Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот, односно килограм мазут ќе се продава за 52,82 денари.