Кривична пријава за охриѓанец
Пронајдени 8980 парчиња пиротехнички средства
При преглед на автомобил на бул „Туристичка“, полицијата пронајде 8980 парчиња пиротехнички средства кај 22-годишен охриѓанец.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Л. (22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
При преглед во неговиот патнички автомобил, извршен на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници пронашле и одзеле вкупно 8980 парчиња пиротехнички средства – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


