Skip to main content

Тенис

Рафаел Надал се враќа на тениските терени

Рафаел Надал го најави својот кам-бек на тениските терени. Тој изјави дека ќе заигра на претстојниот АТП турнир во Мадрид.
 |  инфодеск  | 
Рафаел Надал

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал го најави својот кам-бек на терените. 

„Бикот од Мајорка“ се повреди на Индијан Велс, имаше пауза од речиси еден месец и навреме успеа да ја санира повредата за сезоната на земјена подлога. Надал најави дека ќе заигра на претстојниот АТП турнир во Мадрид. 

Иако неодамна дојдов дома и подготовките не беа идеални, имам голема желба да играм пред домашната публика. Овие можности не доаѓаат често. Ќе дадам сè од себе во Мадрид – напиша Шпанецот.

Рафаел Надал

Турнирот стартува за неколку дена откако ќе се комплетираат квалификациите за истиот, а финалето е планирано на осми мај.

Надал пет пати во својата кариера го крена трофејот, што е најмногу во историјата на турнирот. Минатото издание му припадна на Александар Зверев, додека Надал последен пат славеше во 2017 година. Настапот во Мадрид го потврдува учеството на Шпанецот и на останатите турнири на неговата омилена подлога.

Извор/Gol.mk