Skip to main content

Фудбал

ЛШ: Сити домаќин на Реал

Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти ги избраа фудбалерите кои ќе се соочат во денешниот, прв полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Манчестер Сити на „Итихад“ ќе го пречека тимот на Реал Мадрид во намера уште еднаш да се доближи до можноста да го освои најценетиот клупски трофеј во фудбалска Европа.
 |  инфодеск  | 
Сити реал

Вечерва во полуфиналето од Лигата шампионите на програмата е пресметката помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид во која домаќинот ќе се обиде да направи предност пред реваншот од Мадрид во обид по вторпат да се пласира во финалето на најелитното клубско натпреварување кое Кралскиот клуб го има освоено дури 13 пати. 

И покрај многуте трофеи на Реал во елитното натпреварување кај букмејкерите вечерва на домашен терен фаворит е Манчестер Сити кој досега по трет пат ќе игра полуфинале во ЛШ додека тимот од Мадрид има дури 30 настапи во оваа фаза од кои 10 во последните 12 години. 

Пред 2 години граѓаните двапати го совладаа шпанскиот гигант и играа во финалето со Челзи додека претходно во 2016 година поуспешен беше Реал Мадрид. За тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, Реал е тим со голем квалитет и затоа очекува натпревар за уживање.

Ако се гледа историјата тогаш немаме шанси, но ако се гледа нашата желба за успех тогаш шансите се израмнети – истакна стратегот на тимот од Манчестер. 

Предизвик ќе биде да се види како ќе бидат запрени Лука Модриќ и извонредниот Бензема кој постигнува голови речиси на секој натпревар. Средбата се игра со почеток во 21 часот, а ќе суди Романецот Ковач.