ГРК Охрид во среда во салата „Билјанини Извори“ ќе ја пречека екипата на Вардар.
Средствата од продадени билети ќе бидат искористени во хуманитарни цели за потребите на лекување на нашата сограѓанка Сузана Анчевска. Кај неа мора да биде спроведена трансплантација на коскена срцевина, нешто што не може да се реализира во нашите институции и истото мора да биде реализирано во Р. Турција.
Натпреварот е со почеток во 18 часот, а влезот ќе чини 50 денари.