Болница „Св. Еразмо“
Уништени нишалки и детски реквизити
Во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид сеуште не се обновени уништените детски реквизити и нишалки кои се во склоп на комплексот, реагираат граѓаните.
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ слики ни испрати Билјана Стојаноска. На нив се гледаат уништени детски реквизити и нишалки кои се во склоп на болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Ова е нејзиниот коментар:
Ова се слики од дворот на болницата Св. Еразмо. Само желба и малку труд е потребно да им се врати сјајот на нишалките. Не е доволно тоа што само ги поставиле таму, туку треба и редовно да се одржуваат – вели Стојаноска за „Ти си твојот град“.
Погледнете ги сликите во продолжение!
А на плажата пак, која се наоѓа непосредно пред болницата Св. Еразмо е забележано расфрлано ѓубре, пластични шишиња и слично.