Ооу кочо рацин
Нови училишни табли
Со цел да се подобрат условите за одвивање на наставата, деновиве се поставени нови училишни табли во сите училници на ООУ „Кочо Рацин“.
Поставени се нови училишни табли во сите училници на ООУ „Кочо Рацин“. Таблите се со цел да се подобрат условите за одвивање на наставата.
Старите и дотраени зелени табли се заменети со нови бели табли. Средствата за набавка на новиот училишен инвентар се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Согласно програмата за образование и во текот на наредниот период ќе бидат реализирани слични инвестиции за подобрување на условите во сите училишни објекти во Охрид.


