Втора македонска фудбалска лига
ГФК Охрид во сабота ќе ја пречека екипата на Кадино
Во сабота, ГФК Охрид Лихнидос ќе ја пречека екипата на ФК Кадино. До крајот на сезоната преостануваат уште вкупно 3 натпревари.
Уште три натпревари до крајот на сезоната 2021/2022 од Втората македонска фудбалска лига-Запад, за ГФК Охрид Лихнидос.
Следниот натпревар се игра во сабота на 30-ти април. Охридските фудбалери на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Кадино, во рамки на 25-тото коло од ВМФЛ.
Напреварот ќе се одигра на „Билјанини извори“ (теренот со вештачка трева), со почеток во 17 часот.
На 7-ми мај, ГФК Охрид Лихнидос гостува кај екипата на ФК Гостивар, а последниот натпревар ќе се одигра на домашен терен со екипата на ФК Тетекс.

Сите натпревари се со почеток во 17 часот.


