Skip to main content

Животна средина

Мониторинг на островот Голем град

НП „Галичица“ изврши мониторинг на островот Голем Град како потенцијално Натура 2000 подрачје, како дел од обуките за видови и живеалишта.
Мониторинг островот Голем Град

НП „Галичица“ во рамки на програмата за долгорочен мониторинг и како дел од специфичните обуки за биологија и екологија на видови и живеалишта и пополнувањето на Standard Data Form (SDF), овие два дена изврши мониторинг на островот Голем Град како потенцијално Натура 2000 подрачје.

Целта на мониторингот беа ендемичните шуми со фоја 9560, кои се наоѓаат на Анекс I од Директивата за живеалишта како и видовите на лилјаци Miniopterus schreibersii и Myotis cappacinii, чија популација на островот Голем Град зафаќаат значаен процент од вкупната популација на национално ниво.

Вториот ден од мониторингот беше посветен на канцелариска работа каде беше пополнувана Standard Data Form (SDF). Специфичните обуки се финансиски подржани од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.