Екатерина Велика – руска костимирана драма
Од понеделник-петок во 22:30 програмата на ТВМ Телевизија сите љубители на историските костимирани драми ќе може да уживаат во серијата посветена на руската царица Екатерина Велика.
Станува збор за раскошна и возбудлива серија во руска продукција, за една од најзначајните жени во европската историја во 18 -ти век.
Во средиштето на прикзната е Софија Фредерика, ќерка на осиромашен пруски кнез, чии родители се подготвуваат да ја испратат во Русија да стане невеста на царскиот двор . Желба на тогашната царица која сака да го ожени својот принц.
Така започнува авантурата на младата девојка, која доаѓа во Русија и станува сопруга на рускиот цар Петар Трети. Од сиромашна млада девојка полна со сила и соништа, таа станува студена и безмилосна жена која ќе гази се пред себе за да опстои во царството. Станува еден од најголемите владетели во светот, жена која ќе освојува земји и царства, ќе задушува востанија и ќе одржува врски со најистакнатите мислители во Европа. Така таа ќе го добие епитетот Екатерина Велика.
Следува златното доба на руското царство, а Екатерина велика ќе ги воведе најзначајните реформи во руската историја. 44 продолженија полни со страст, интриги, вистини и раскош следуваат наскоро на ТВМ телевизија.