Македонија во групата проблематични земји
Во најновиот Светски индекс на слободата на печатот во светот, објавен денеска од Репортери без граници Северна Македонија се најде на 57 место, односно во групата на проблематични земји.
Сепак, тоа значи напредок од 33 место во однос на Светскиот индекс во 2021 година кога С. Македонија беше на 90 место. Во групата „Проблематични“ се и Ерменија (51), Романија (56), Косово (61), Црна Гора (63), Босна и Херцеговина (67), Киргистан (72), Србија (79), Унгарија (85), Грузија (89), Бугарија (91), Украина (106). Дваесеттиот светски индекс за слободата на печатот објавен од Репортери без граници открива двојно зголемување на поларизацијата засилена со информацискиот хаос – односно, поларизацијата на медиумите ги поттикнува поделбите внатре во земјите, како меѓу земјите на меѓународно ниво.
Изданието на Светскиот индекс на слободата на печатот од 2022 година, ја проценува состојбата на новинарството во 180 земји и територии. Ги нагласува катастрофалните ефекти од вестите и информативниот хаос – ефектите од глобализираниот и нерегулиран онлајн информативен простор кој поттикнува лажни вести и пропаганда. Во Европа, Норвешка и натаму е на прво место, односно останува на врвот на Светскиот индекс за слобода на печатот. Регионот покажува значителни разлики, а условите и на двете крајности значително еволуирале. Естонија на 4-то место и Литванија на 9-то место – две поранешни комунистички држави – сега се меѓу првите десет. Холандија која беше меѓу првите десет сега е на 28-то место. Грција е на 108 место и ја замени Бугарија која сега е 91-ва на последното место во Европа.
Во Источна Европа, надвор од човечките трагедии на војната што ја води Русија, таа е на 155-то место против Украина создава катастрофални последици за слободата на печатот во регион. Околу пет новинари и медиумски работници загинаа во текот на првиот месец од руската офанзива, која започна на 24 февруари 2022 година. Во најдолната група на Индексот се најдоа: Многу сериозно: Белорусија (153), Азербејџан (154), Русија (155), Авганистан (156), Пакистан (157), Кина (175), Туркменистан (177) и Иран (178).