Со божествена Ѓурѓовденска литија традиционално Струга ќе се поклони на патронот Победоносец и Великомаченик Георгиј.
Литијата е со почеток во 16 часот, а ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
После завршувањето на вечерната и панихидата следи свечената Еордија (литија) со светите мошти на Великомаченикот и неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да започне вечерната боголужба сѐ до започнувањето на Еордијата.
Ве покануваме да бидете гости на нашата манастирска слава, како и да земете учество во древната струшка литија, која пред неколку години беше обновена и збогатена со присуството на моштите на св. Георгиј од манастирот во Рајчица. Дојдете, почувствувајте ја радоста и благодатта на овие торжествени настани и примете го благословот на славниот Победоносец Георгиј – информираат од Бигорскиот манастир.