Фудбал
ФИФА ја казни Македонија за мечот во Палермо
Македонските навивачи употребија и пиротехника за да ја прослават победата над Италија на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, а за тоа ФФМ ќе треба да уплати 2.000 евра во касата на ФИФА.
Македонија ја победи Италија со 1-0, со голот на Трајковски во самиот финиш од натпреварот, па прославата на нашите навивачи на стадионот беше голема.
Тие употребија и пиротехника, па според правилникот на ФИФА за тоа следува казна. ФИФА ја казни Македонија парично, со 2.000 евра.
Сума која нема да биде некој посебен проблем за ФФМ.


