Засилени инспекциски контроли
Малолетни лица затекнати во локал после полноќ
Засилени инспекциски контроли низ угостителските објекти во Охрид. Од СВР информираат дека се изречени и соодветни казни.
На 01.05.2022 година од 00 до 05 часот, полициски службеници од СВР Охрид и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и трудова инспекција, извршија контроли по угостителските објекти во Охрид.
Притоа, во угостителски објект лоциран на улицата „Стив Наумов” во Охрид, затекнати се повеќе малолетни лица од Охрид и Струга. При контролите инспекциските служби констатирале повеќе недоследности во работењето од нивна надлежност. По овие основи, изречени се соодветни казни – се вели во соопштението на СВР Охрид.


