Skip to main content

Отпад на дното на охридското езеро

Еколошката свест на најниско ниво

Еколошката свест ниска, огромни количини отпад на дното на Охридското езеро. Охридскиот нуркач Паскали преку подводни видеа на потегот од Сараиште до градското пристаниште секојдневно ги прикажува убавините на Охридското езеро, но и натрупаните количини отпад, со една единствена порака да се подигне еколошката свест кај граѓаните.
 |  инфодеск  | 
Никола Паскали

И покрај сите апели за подигнување на еколошката свест кај граѓаните, се повеќе отпад на дното на Охридското езеро. И покрај честите акции за чистење, секој бран или ветер носи нови количини ѓубре од длабочините.

Дното на охридско езеро

Охридскиот нуркач Никола Паскали преку подводни видеа на потегот од Сараиште до градското пристаниште секојдневно ги прикажува убавините на Охридското езеро, но и натрупаните количини отпад, со една единствена порака да се подигне еколошката свест кај граѓаните.

Овој последниот период се занимаваме со чистење низ Охридското езеро, бидејќи се повеќе и повеќе забележуваме отпад. Ние чистиме и еден период мислиме дека е почисто, но после еден бран или ветар ѓубрето ни се враќа и ние сме пак на истата точка во средина загадена. Со други истражувања не можеме да се занимаваме -вели Никола Паскали, нуркач подводен археолог.

Нуркач

Паскали постојано апелира да престане да се употребува пластика за еднократна употреба, која впрочем и најчесто ја има на дното на Охридското езеро. Целата амбалажа на сите производи треба да биде биоразградлива.

Потребни се итни мерки бидејќи ова нема крај, ова е еден бесконечен круг во кој сме заглавени. Под итно мора да престанеме да произведуваме и да користиме пластика за еднократна употреба. Денеска да престанеме да ја произведуваме, ние уште 50 години да можеме да се справиме со отпадот кој го имаме веќе низ целата земјина планета. Потребни се итни мерки, промена на амбалажата на прехрамбените продукти – вели Паскали.

Дното на охридско езеро

И покрај постојаните акции за чистење и апели за подигнување на еко свеста да не се загадува природата сепак активистите најчесто отпад наоѓаат на оние места каде најчесто се движат граѓаните по плажите, кејот и дното на езерото.

Нуркач