Македонија остана на 53-то место на ранг листата на ФИФА
Македонската фудбалска репрезантација во изминатиот месец не одигра ниту еден натпревар со што остана на 53-тото место на најновата ФИФА ранг листа.
Македонската фудбалска репрезантација во изминатиот месец не одигра ниту еден натпревар со што остана на 53-тото место на најновата ФИФА ранг листа.
Иако во однос на претходното рангирање, Бразил загуби 30 бодови, „Кариоките“ остануваат на врвот на листата на ФИФА.
Актуелниот европски шампион Шпанија, со која македонската селекција за седум дена во Скопје ќе одигра пријателски натпревар и натаму е второпласирана пред треторангираната Холандија.
Промена меѓу првите 10 има единствено на пласманот на Германија и Италија, со што актуелниот светски првак (Италија) падна на петтата позиција, отстапувајќи ја четвртата на Германците.
Меѓу 10-те најдоби се и Русија, Англија, Аргентина, Франција и Хрватска.
{loadposition content9}