Медведев ќе ја посети Србија во октомври
Рускиот претседател Дмитриј Медведев во октомври ќе ја посети Србија на покана од српскиот претседател Борис Тадиќ.
Рускиот претседател Дмитриј Медведев во октомври ќе ја посети Србија на покана од српскиот претседател Борис Тадиќ.
Медведев ќе учествува на самитот посветен на руско – српското „стратешко партнерство“, соопшти Кремљ.
Медведев и Тадиќ, кои вчера разговараа телефонски, во октомври ќе имаат можност за „конкретни разговори за сите прашања поврзани со билатералната соработка“, се наведува во соопштението.
Претседателите изразиле задоволство од договорите потпишани за време на престојот на Тадиќ во Москва во декември, минатата година и истакнаа дека е „неопходно да се забрза реализацијата на конкретните проекти“.
Според најавите, Медведев за време на посетата на Србија, ќе присуствува на одбележувањето на 65 годишнината од ослободувањето на Белград за време на Втората светска војна.
{loadposition content9}