Во несреќен случај, утрово рибар го загуби животот на плажата „Горица“ кај хотелот Инекс.
Неофицијално риболовецот се лизнал од карпите и паднал во вода. Екипи на полицијата вршат увид на лице место, a според првичните информации на телото немало траги на насилство.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски го потврди случајот, но не даде повеќе инфромации.
Извор/ОхридНет