Русија
Во Москва исчезнаа 38 туристи од Ирак
Група туристи од Ирак исчезнаа во Москва. 38 лица на 1-ви и 2-ри мај исчезнале од московски хотел, а меѓу нив имало и неколку деца.
Група од 38 туристи од Ирак исчезнала викендов во Москва, јавија некои руски медиуми, повикувајќи се на извор од московската полиција.
Полицијата наводно трага по 38 туристи кои пристигнале од Ирак на 30-ти април и исчезнале од московски хотел на 1-ви или 2-ри мај.
Меѓу исчезнатите има и неколку деца.


