ЈП „Нискоградба“ Охрид започна со градежни активности за изведба на канализациона линија крак на улица “Рашанец” во село Лескоец. Истата е во должина од 235 метри.
Се поставуваат цефки со дијаметар Ф200 мм и изведба на 8 ревизиони шахти. Вредноста на овој проект изнесува 1,677,571 денари – информираат од претпријатието.