Skip to main content

Ухмр

Намален водостојот на Охридското езеро

Намален е водостојот на Охридското езеро за два сантиметри, додека нивоата на другите две природни езера се исти како вчера.
 |  инфодеск  | 
охридско езеро

За два сантиметри е намален водостојот на Охридското Езеро. Нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Согласно резултатите од последните мерења направени од УХМР, водостојот на Охридското Езеро е за седум сантиметри понизок од просекот за мај.

охридско крајбрежје кај пристаниште

Пониско од просечното и тоа за 1,79 метри е и нивото на Преспанското Езеро, додека на Дојранското Езеро е за 2,71 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Пониски од просечните се и водостоите на повеќето реки во земјава и речиси сите бележат намалување на нивото во споредба со вчера. Исклучок е реката Црн Дрим, на мерното место кај Ложани, каде водостојот е за еден сантиметар повисок од вчерашниот. Исто со вчерашното е нивото на реките Бабуна на мерното место кај Богомила, Брегалница кај Берово и Струмица кај Сушево.