Државен завод за статистика
Зголемени цените на угостителските услуги
Цените на угостителските услуги се зголемиле за 9,8 отсто во споредба со минатата година, според Државниот завод за статистика.
| инфодеск | Македонија
Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 2,5 отсто во споредба со претходниот месец, а пораснале за 9,8 отсто во однос на април 2021 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со март 2022 година зголемување е забележано во групите: Храна за 3,2 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,4 и Безалкохолни пијалаци за 4,6 отсто.
Цените на угостителските услуги, пак, за периодот јануари–април 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 6,3 отсто, додека во споредба со декември 2021 година пораснале за 4,5 отсто.