Угостителски објект на булевар Железничка
Приведени три лица кои нападнале полицајци
Приведени се три лица кои се однесувале агресивно кон полициски службеници во угостителски објект на бул. Железничка.
На 06.05.2022 година во 00:50 часот во СВР Охрид приведени се С.К.(37), Н.Т.(34), двајцата од селото Мешеишта, општина Дебрца и Љ.Н.(41) од охридското село Велгошти.
Тие во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид агресивно се однесувале кон полициските службеници кои преземале службени мерки. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


