Трагедија
Битолчанец загина во пожар
Возрасен битолчанец го загуби својот живот во пожар што се случил во неговиот стан на 12-ти кат од зградата.
| инфодеск | Македонија
Едно лице загина во пожар кој утринава се случи во стан на 12-ти спрат во зграда во Битола.
Од СВР Битола соопштија дека истрагата за пожарот кој утрово се случил во стан во зградата викана „пензионерска“ што се наоѓа во непосредна близина на основното училиште „Кирил и Методиј“, е во тек и по завршувањето ќе биде соопштен идентитетот на несреќното лице и причините за пожарот.
Екипи на територијалната противпожарна единица во моментов вршат контрола на зградата и станот кој по пријавата за пожар го изгаснале, но, за жал возрасниот битолчанец најверојатно со задушување го изгубил животот.
Превентивно во зградата во тек е повеќечасовен прекин на снабдувањето со електрична енергија.