Skip to main content

Шумахер полека се враќа во форма

Седумкратниот светски шампион изјави дека загубил три килограми како дел од програмата за враќање во форма и замената на Фелипе Маса.

 |  Крсте Голабовски  | 
Michael Schumacher
Михаел Шумахер

Седумкратниот светски шампион изјави дека загубил три килограми како дел од програмата за враќање во форма и замената на Фелипе Маса.

Michael Schumacher„Моментално сум среде подготовките за големата награда на валенсија, загубив три килограми, многу важно за мускулната маса, а единствено ме загрижуваат болките во вратот. Морам да поработам на тоа бидејќи здравјето ми е приоритет, и тоа го знаат сите во Ферари“, изјави Шумахер.
Тој треба да се врати во Ф1 на големата трка за Наградата на Европа, која е на програмата на 23 август, додека Маса заздравува после повредите кои ги доби на Трката на Унгароринг.

„Михаел сеуште не е сигурен дали неговиот врат ќе го издржи напорот.Се зависи од лекарските прегледи кои допрва следуваат, па после тие прегледи ќе знае дали може да вози или не“ изјави неговата портпаролка, Сабине Кем.






{loadposition content9}